01 Декември, 2024
0.0281

„Тендерот за оддржување патишта неколку години на сомнителен начин го добива една иста фирма“: Николовски најавува ригорозни чекори

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Ќе направиме се со Јавното претпријатие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да го прават Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Во утринското телевизиско гостување Николоски изрази сомнеж во работењето на Второстепната комсија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за оддржување на патиштата неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма - Мирсад Комерц.

- Пред две години излегов на прес конференција и кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат за ги чисти автопатите и да ја коси тревата по автопатите што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма Мирсад Комерц случајно да е од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ и тоа за фантастични два милиони евра.

Во овие години ниту гранки видовме пресечени, ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма Мирсад Комерц која што магично го добила истиот. 

Останатите фирми се жалат и второстепената комисија по жалби за јавни набавки колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на Второстепената комисија која по суштина треба да е незвисно тело, како е возможно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и Мирсад Комерц која гранка не пресече, треба да продолжи да работи? 

Како е возможно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи, еве земете го РЕК Битола каде што иста компанија „Марковски компани” ги доби тендериве во изминативе 4-5 години, а состојбата во РЕК Битола е катастрофална - истакна Николоски.

Како што е наведено во соопштението од Министерство за транспорт, Николоски повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на Второстепата комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика

ГРУЕВСКИ ОТИДЕ ВО ДЕБРЕЦИН ДА ГЛЕДА РАКОМЕТ - честитки за нашите ракометарки кои изиграа нерешено со Турција, која има 45 пати повеќе од нас население

ГРУЕВСКИ ОТИДЕ ВО ДЕБРЕЦИН ДА ГЛЕДА РАКОМЕТ - честитки за нашите ракометарки кои изиграа нерешено со Турција, која има 45 пати повеќе од нас население