27 Декември, 2024
0.0301

ТЕПА ВМРО, АМА ТЕПА И КАТИЦА: Ранети и изнемоштени по битката во собранието!

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја „начекаа“ специјалната обвинителка Катица Јанева во обратна ситуација – тие да прашуваат, таа да одговара. На свој терен, во Собранието, Јанева со часови ги слушаше нивните прашања, навреди, дофрлања и смирено им одговараше, но дрско во иста мера како и тие во нивните настапи.

Прашања кои ги мачат во ВМРО-ДПМНЕ

Најдолго од говорницата елаборираше пратеникот Антонио Милошоски. Тој најпрво ја анализираше Јанева како обвинител.

-Дали вие како обвинител во Гевгелија сте воделе и колку на број случаи каде што кривичните дела или санкциите надминуваат пет години затвор? Дали сте воделе случај од тежок организиран криминал? Колку и со кој успех биле завршени пред судовите? Дали сте воделе случај во гевгелиското обвинителство за злосторничко здружување, изборни измама или тешки кривични дела против државата, праша Милошоски.

Јанева не дозволи да биде испровоцирана, па на Милошоски му одговори со контра напад.

– Посконцентрирано го слушам господинот Милошоски бидејќи го слушам и во незаконски прибавените разговори и знам за неговиот личен капацитет. За мојот личен капацитет, Марко (Зврлевски) ми беше шеф, и нека каже тој, одговори Јанева предизвикувајќи реакции меѓу пратениците.

И неговиот колега Димитар Стеванџија ја торпедираше Јанева со прашања и потпрашања, а го искритикува и извештајот на СЈО дека внатре немало ништо суштинско.

-Чии се снимките кои што лидерот на опозицијата, Зоран Заев ги достави до вас? Дали имаме почетни наоди чии се снимките? Како во 12% од прислушуваните разговори е нејасно како немате слушнато разговори од Зоран Заев? Зошто ги избркавте двете обвинителки?, праша Стевананџија.

Стеванџија доби одговор од Јанева.

„Снимките се анализираат и за тоа кој и како прислушувал во периодот од 2008 до 2015 година ќе имате можност да дознаете кога и ние ќе ги завршиме сите дејствија кои сме ги преземале. Во овој момент се вршат анализи на снимките, тоа прашање ни е приоритет“, рече специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во одговор на прашање од пратеникот Димитар Стевананџија.

Јанева додаде дека во моментов нема потреба од уште јавни обвинители во нејзиниот тим, но побара од пратениците да го продолжат мандатот на СЈО.

Пратеникот Горан Мисовски обвини дека владејачкото обвинителство е во оркестриран напад на Јанева, бидејќи се плашат од независна институција,

-Вие сте единствената институција во Македонија, која за жал на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја контролира. Овие луѓе и тие од Извршниот комитет, кои ја доведоа Македонија на маргините, не може да се помират со тоа што еве една институција не може да ја контролираат, тие сакаат се да одлучуваат. Извршниот комитет одлучува кој ќе оди во затвор, кој ќе биде пуштен од затвор, кој ќе оди во притвор, кој не, сега гледате кога сите пратеници го изгласавме Законот за СЈО, гледате каков оркестриран напад има на институцијата, посочи Мисовски.

Груевски не и дава преодна оценка на Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, последниве два дена падна во сенка на Катица Јанева. Сепак реши да се појави во јавноста, па коментар за работата на СЈО и Катица Јанева даде по промоцијата на нови 25 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.

– Далеку од нашите очекувања во однос на професионалноста, непристрасноста и во однос на објективноста – кратко изјави Груевски.

Јанева заврши на лекар, но денес продолжува дуелот Јанева-ВМРО-ДПМНЕ

Седницата требаше да трае до 23 часот, но на специјалната обвинителка и се слоши, па мораше да биде прекината. Таа преку соопштение се извини дека не може да продолжи да присуствува да седницата.

„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници  што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата.“ – соопшти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Седницата продолжува денеска во 13 часот.

Инаку ова е прв пат Јанева да ги соочи аргументите и ставовите со пратениците во Собранието. Кога го поднесе првиот шестмесечен извештај за работата на СЈО, таа не се појави лично во Парламентот за да го образложи. По што беше критикувана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека бега од одговори. Овој пат реши да излезе на мегдан и да го брани извештајот и работата на Специјалното јавно обвинителство.

По Јанева на „тапет“ ќе се најде и Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски кој чека и неговиот извештај да дојде на дневен ред пред пратениците.

Ј.М,

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор