Тепале тетовчанец и му се заканувале со пиштол
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2018 19:25
Насилници тепале тетовчанец и му се заканувале со пиштол.
Во Секторот за внатрешни работи Тетово вчера Р.К. од село Нераште, тетовско пријавил дека истиот ден околу 13,10 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово непознато лице почнало да го навредува и сакал физички да го нападне по што бил спречен од случајни минувачи. Потоа во 15 часот на улица „Илинденска“ каде Р.К. изведувал градежни работи на куќа, дошло истото лице и му вперило пиштол, но Р.К. му ги фатил рацете, а лицето испукало еден куршум во подот. Во тој момент дошло уште едно лице кое физички го нападнало пријавителот, а другото лице му задало неколку удари со пиштолот во пределот на градите и лицето. Едно од лицата кои работеле на куќата почнал да викна дека доаѓа полиција, по што двајцата избегале. Р.К. по настанот се упатил во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.
Истиот ден во 15,40 часот во полициската станица во Тетово се пријавил Д.М. (35) од Тетово. Извршен е увид на местото на настанот и подигната била една чаура за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




