TEШКА ЕСЕН ГИ ЧЕКА ЧЕВЛАРИТЕ: Ќе следи ново кастрење на работни места
Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Јуни, 2020
Тешка есен ги чека вработените во чевларскиот сектор во Македонија, и на повидок се нови откази, поради последиците на пандемијата.
Поради коронавирусот, чевларските фирми имаат многу малку нарачки од странство. Станува збор за Италија, Германија, Швајцарија, земји каде домашните чевлари ги пласираат своите производи. Трговците во овие земји поради целата ситуација засега не ги бараат македонските чевли. Се проценува дека најсилниот удар допрва доаѓа за чевларската индустрија, посилен од оној во март и април кога дел од работниците веќе ги изгубија своите работни места и почнаа да користат парична помош од државата.
„Тешко ќе биде во месец септември, и можно е да има нови откази. Луѓето кои претходно останаа без работа се под биро и примаат надомест, не се вратени на работа. Ние не можеме на домашниот пазар да бидеме конкурентни во однос на кинеските и турските производи, и во тој поглед државата не нѐ заштитила. Трговците во Европа пак не купуваат нова роба“, вели Лидија Милановска од Здружението на чевлари.
Таа смета дека за оваа состојба државата не може многу да помогне, затоа што зависат од глобалните текови и од тоа дали пандемијата ќе стивне наскоро или ќе има и втор бран.
„Дополнително ако има зголемување на минималецот наскоро, тоа нема да можеме да го издржиме. Кој не сака да зголеми плати и да ја зголеми продуктивноста? Прво да заврши состојбата со Ковид -19, па потоа може да се разговара, да се договара за покачување на платите. Ако состојбата се среди со пандемијата, ќе бараме пазари, ќе имаме работа, но ако подолжи вака опоравување може да очекуваме идната година“, рече Милановска.
Во Куманово чевларскиот сектор опфаќа 1.200 работници, а приближно толкав број има и во другите градови во земјава, додека Здружението на чевлари брои 36 активни фирми.
Проблеми во овој сектор се појавија пролетва, кога Италија, главниот пазар за македонските чевли, беше во карантин, а границите беа затворени.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.