16 Декември, 2025
0.0627

ТЕШКИ РАЗГОВОРИ: Дали Филе од Вучиќ побара српски санкции за Русија?

Објавено во: Балкан 05 Мај, 2014 20:12

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, одговарајќи на новинарски прашања за време на неговата посета на Белград, тврди дека не се обидел да влијае на промена на српскиот став за невоведување санкции кон Москва заради случувањата во Украина. „Не, не се обидо да влијаам“, кратко одговорил Филе, иако потврди дека за прашањето станало збор на неговите средби со српските официјални претставници. Но српскиот премиер Александар Вучиќ има поинаква верзија. Тој пред новинарите открил дека разговорите со Филе поминале „потешко од очекуваното“ и тоа токму заради прашањето за санкциите кон Русија. „Не беа тешки по форма, но веројатно јас бев тежок, како што знам да бидам, бидејќи многу ми е важен суверенитетот на Србија. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на секоја земја, па така и на Украина. Но, да кажеме така, замолив Србија заради историските, традиционалните и долгите односи со Русија да го задржи својот став и да не воведува санкции“, откри Вучиќ, не сакајќи да открие повеќе детали. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе го нарече претстојниот период „исклучително важен“ за односите меѓу Белград и Брисел и навести дека Србија ми можела од почетокот на следната година да ги отвори првите поглавја во преговорите со ЕУ. И Македонија, како и Србија, не се приклучи кон санкциите за Русија што ЕУ ги воведе заради случувањата во Украина.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата