05 Декември, 2025
0.0595

ТЕШКО СЕ ВРАЌААТ ПАРИ: Раст на нефункционалните кредити за 27 милиони евра!

Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

И во мај продолжи трендот на раст на нефункционалните кредити. Според банкарите, најоптимистичко сценарио за стабилност на банкарскиот сектор е она според кое проблематичните кредити нема да се зголемуваат и во втората половина од оваа година. Минатиот месец НБРМ регистрираше раст на кредитите и на депозитите, но за прв пат по подолг период се случи намалување на штедењето кај неселението. Посткризно – за прв пат позначен раст на кредитите за фирмите! За прв пат по кризата, банките го засилија кредитирањето на приватниот сектор. Во мај е регистриран најголемо забрзување на  кредитната активност на приватниот сектор.
“Заклучно со мај,  на кредитниот пазар се забележува позначително забрзување на кредитната активност на приватниот сектор, наспроти намалувањето на вкупните кредити забележано во април. Така, кредитните текови забележани на крајот на мај претставуваат најсилен месечен раст од почетокот на кризата и тоа како резултат на повисокото зголемување на кредитите одобрени на претпријатијата во однос на кредитите наменети за секторот население“ -  оценува Народната Банка во најновиот јунски извештај.
Дел од менаџерите на поголемите банкарски групации најавија дека во втората половина од годинава очекуваат натамошен кредитен раст како резултат на заздравување на економијата, особено откако статистика објави дека во првите три месеци има пораст на БДП од 3,9%.
“Ги видовме позитивните знаци во економијата. Растот во првиот квартал ги надмина нашите очекувања.  Ако ги погледнете нашите постигнувања во вториот квартал, кредитните трошоци би биле уште повисоки. Подготвени сме да придонесеме во таа насока“ -  оцени  Диомидис Николетопулос, генерален директор на Стопанска Банка.
Според податоците, заклучно со мај вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 3,9 милијарди евра, со раст во однос на април.
“Годишната стапка на раст на вкупните кредити на крајот на мај изнесува 7,6% и е над годишниот раст од 7,3% проектиран за вториот квартал на 2014 година, согласно со априлската проекција. На квартална основа, остварениот пораст од 3.589 милиони денари претставува 92% од растот планиран за второто тримесечје на 2014 година. Остварениот годишниот раст на вкупните кредити во целост произлегува од зголемувањето на денарските кредити, при натамошен пад на девизните кредити“ – посочуваат од Народната Банка.
И дел од средните бани во обид да ја зголемат кредитната активност решија да спроведат политики за задржување на постоечките и привлекување на нови клиенти.
“Ние како банка се ориентираме кон бонитетни клиенти или кон компании кои редовно исплаќаат плати, придонеси и други обврски. Токму на таквите фирми, односно за нивните вработни нудиме пакет на банкарски производи со поповолни услови, како пониска камата, пониски провизии и трошоци и полесни процедури за добивање или одборување на кредит“ – изјави за “Фактор“ Владимир Ефтимоски, директор на Стопанска Банка – Битола.
Освен кредитен раст, во мај податоците покажуваат и пораст на депозитите чие ниво изнесува 3,9 милијарди евра, пришто за прв пат по подлг период е регистриран пад на штедењето кај неселението. Нефункционалните кредити во пoраст... Кредитниот раст се одржува, но растат и нефункционалните кредити. Според податоците на НБРМ, заклучно со мај нивото на сомнителните и спорни побарувања изнесува нешто повеќе од 456 милиони евра и во однос на април, кога нивото изнесуваше 428 милиони евра, тие се зголемени за 27,4 милиони евра. Овој пораст на нефункционалните кредити е еден од поголемите во изминатиот период.
“Како резултат на умерениот раст на нефункционалните кредити на претпријатијата, во април се забележува зголемување на учеството на сомнителните и спорни побарувања во вкупните кредити, наспроти намалувањето коешто беше забележано на крајот на март.“ – оценува НБРМ.
Според дел од банкарите најпотмистичко сценарио за нефункционалните кредити е доколку тие останат на сегашното ниво, односно доколку нема натамошно зголемување.
“Ако проблематичните заеми останат на сегашните нивоа, не велам да бидат намалени, туку ако останат на сегашните нивоа, тоа ќе биде уште еден позитивен знак банките да бидат уште поотворени и да ја подржат економијата уште повеќе. Оптимист сум дека тоа ќе се случи“ – изјави директорот на  Стопанска Банка.
Според податоците на НБРМ, во мај се забележува пораст на сомнителните побарувња и кај денарските и кај девизните кредити. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката