Тест за корона само со државите кои бараат и од македонските граѓани, за аеродромите ниту збор
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2020 14:06
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за процесот на отворање на границите, односно за тоа каков предлог да дадат до Владата, бидејќи ова е една од последните рестриктивни мерки за која се очекува наскоро и да се укине.
Од Комисијата за заразни болести велат дека ќе важат реципроцитетни мерки со државите а тоа ќе значи:
- За влез од Србија во нашава земја нема да се бара тест за корона вирусот, бидејќи и Србија не бара од нашите граѓани, истото ќе биде и со Албанија. Што се донесува до останатите соседни држави Грција најави отворање на границите на 1.јули, но се уште нема конкретни информации како ќе се одвива протокот на патници помеѓу нашата земја и Грција. Истовремено, остануваат затворени и границите со Бугарија, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Што се донесува, пак до отворањето на двата аеродроми во нашава земја, односно во Скопје и во Охрид, од Комисијата за заразни болести потврдуваат дека за ова воопшто не станало збор.
-Се уште е рано, велат, и додаваат дека на некој од наредните состаноци ќе го отвориме и ова прашање.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




