Добивај вести на Viber
Почнувајќи од Понеделник 11.05.2015 година (со почеток од 08:00 часот), услугите на Стопанска банка ад Битола, граѓаните на Тетово и пошироката околина ќе можат да ги користат на новата локација на експозитурата на банката, на ул. Маршал Тито бб (кружен тек), во центарот на градот, веднаш до локацијата на старата експозитура.
Новите простории на Банката, уредени се според највисоки стандарди за организација на работна околина, ергономичност, економичност, како и контакт и работа со клиенти.
Со позиционирањето на новата локација во центарот на градот, Банката, уште еднаш ја потврдува својата нова стратегија за стабилен и континуиран развој.
Значително подобар резултат на Стопанска Банка АД. Битола
Инаку, Стопанска банка а.д. Битола во периодот 01.01-31.03.2015 година, оствари зголемување од 13,94 милиони денари односно 29,09% на нето приходите од камати при што приходите од камати бележат раст од 24,05% споредено со првиот квартал од 2014 година, информираше Банката.
„Ваквото остварување пред се е резултат на зголеменото бруто кредитно портфолио, подобрена квалитативна структура на истото следствено на наплатата на дел од нефункционалните кредити и подобрена квалитативна структура на активата преку насочување на средствата од продажба на преземениот имот во каматоносни позиции. Динамиката на раст на расходите по камати, кои на годишна основа се повисоки за 16,54%, е помала споредено со растот на вкупните депозити што е резултат на повеќекратните промени во Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката главно во делот на пасивни каматни стапки. Зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет придонесоа за раст од 2,19 милиони денари на приходите од провизии и надоместоци“, информира Банката.
На страната на расходите за провизии и надоместоци евидентно е зголемување од 2,27 милиони денари што во најголема мера се должи на повисоки расходи за провизии во делот на работа со платежни картички како резултат на зголемениот број на клиенти корисници на платежните картички на Банката, велат од Банката.
„Имајќи ги предвид остварувањата во делот на приходите и расходите, нето приходите од провизии и надоместоци не бележат значајни промени споредено првиот квартал од 2014 година. Во периодот 01.01-31.03.2015 година, Банката издвои загуба за оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа во износ од 45,27 милиони денари што претставува значително помал износ на оштетување споредено со истиот период минатата година. Ваквото подобрување е резултат на продажбата на позначаен дел од преземениот имот во 2014 година што придонесе за намалување на основата за пресметка на загуба за оштетување на преземениот имот согласно Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања“, информираат од Банката.
Како резултат на зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на екпозитури и АТМ уреди, како и зголемениот број на вработени, трошоците за вработени а.д. Битола бележат раст од 16,72%, останатите расходи од дејноста се зголемени за 2,44%, а амортизацијата е повисока за 17,59%.
„Имајќи ги предвид остварувањата во приходните и расходните позиции, финансискиот резултат за периодот 01.01-31.03.2015 година е негативен, но е значително подобар споредено со остварениот во текот на истиот период минатата година“, велат од Банката.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: