ТИ-М бара одговорност од надлежните за недомаќинското трошење пари во МОН
Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2016 12:33
Откако државната ревизија во МОН откри дека недомаќински се трошеле пари од Транспаренси Интернешенел побараа надлежните инситуции да постапат по наодите од конечниот извештај .
„Имајќи предвид дека Извештајот на Државниот завод за ревизија содржи основани сомневања за сторени неправилности кои во себе содржат обележја на одредени кривични дела, загрижувачки е тоа што надлежните институции сè уште не реагираат на нив. Го повикуваме ДЗР согласно Законот за државната ревизија да го достави извештајот до Државната комисија за спречување на корупцијата и до ЈО на Р. Македонија со цел за нивно натамошно надлежно постапување“, велат од Транспаренси.
Се јадело, пиело и вработувало без мерка?
Недомаќинско трошење за ресторани и хотели од 5 ѕвезди, користење на превоз на сметка на државата надвор од работно време, ангажирање на лица во кабинетот на министерот вработени во други институции, а без согласнос од Министерството за финансии, ова се дел од наводите на државниот ревизор по извршената ревизија во Министерството за образование и наука.
По основ на ангажирање лица без согласност од Министерството за финансии, ревизорот се сомнева дека 173.000 евра буџетски пари се незаконско потрошени. На 7 административни службеници вработени во министерството им се исплатени плати во износ од 40.000 денари иако нема докази дека присуствувале на работа, вели ревизорот. 26 хонорарци се ангажирани без согласност од Финансии, во кабинетот на министерот, без јасно и прецизно дефинирани обврски и работни задачи. За нив исплатени се 70.000 евра во текот на 2015 година, стои во извештајот.
Од Државната комисија за спречување на корупцијата тврдат дека го разгледуваат извештајот на Државниот завод за ревизија и дека ќе излезат со свои препораки по наодите, додека пак министерот за финансии Кирил Миноски, вели дека не е запознаен со случајот.
„Треба внимателно да го погледнам извештајот. Државниот завод за ревизија треба да го достави до нас и ќе го разгледаме извештајот“, вели Миноски.
Ревизорот утврдил несовесно постапување на дел од вработените што резултира со незаконско и ненаменско користење на буџетските средства.
Побарување на вработените по основ на дадени аванси за службени патувања во најголем дел се застарени, вели ревизорот.
Во текот на 2015 година без постапка за јавна набавка извршени се набавки на стоки и услуги од 8 милиони 349 илјади денари, со што е прекршен законот за јавни набавки, вели државниот ревизор. Сето ова се случувало кога министер за образование беше Абдилаќим Адеми.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





