ТИЕ СЕ ПРЕД КОЛАПС: Уште две европски земји ги враќаат рестрикциите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Ноември, 2020
Унгарија и Португалија преземаат мерки со цел да го спречат ширењето на коронавирусот.
Унгарија ќе ги затвори средните училишта, универзитетите, рестораните и ќе воведе продолжен ноќен полициски час од вторник на полноќ.
Овие ригорозни мерки ги најави премиерот Виктор Орбан.
Тој денес изјави дека спортските настани ќе се одржуваат без публика, а сите собири ќе бидат забранети, пренесува унгарската агенција МТИ.
Ако има потреба ќе воведат и нови мерки.Португалија пак прогласи вонредна состојба и воведе полициски час.
Почнувајќи од денес, најмалку две недели, околу седум милиони луѓе или околу 70 проценти од населението ќе мора да останат дома поради полициски час.
Тој ќе трае во работните денови помеѓу 23 и 5 часот наутро, а за време на викендите од 13 до 5 часот наутро, јави АП.
Бројот на заболени во Португалија скокна во последните неколку недели, а досега починаа 2.896 лица.
Претходно, Франција и Германија ги вратија рестрикциите.Во светот има скоро 51 милион заразени луѓе со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.