„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2024
Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека „Европскиот фронт ја пополнува американската листа, додека за бегството на Артан Груби, кој пред неколку дена беше прогласен за „нон грата“, Меџити рече дека тој не е на Косово, туку во Албанија и како што вели, со бегството ја докажал вината.
„Мислам дека тоа е должност на органите на прогонот, тие ќе поднесат меѓународна тужба преку Интерпол. Според информациите не е на Косово, тој е во Албанија. Но, тоа не е важно, со бегството тој ја докажал вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре тој еден ден ќе се соочи со правдата“, изјави Меџити во Ора вести.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.