29 Јуни, 2024
0.0313

Тимчо Муцунски: Општина Аеродром со 400 илјади евра помалку поради електричната енергија

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Аеродром, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 изјави дека очекува за околу 400 илјади евра поголем трошок за буџетот на локалната самоуправа за оваа година поради зголемувањето на цената на електрична енергија купувана на слободниот пазар.

- Тоа се пари со кои на пример може да се изгради една детска градинка, рече Муцунски, кој додаде дека тоа се проблеми со кои се соочуваат и останатите општини.

Тој појасни дека годишниот буџет изнесува 700 милиони денари, односно околу 11,5 милиони евра. Дотациите за градинки се намалени за 20 милиони денари за образование и градинки од Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика во услови кога, вели тој, нивните буџети се зголемени.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалниците на скопските Општини бараат Владата итно да им даде пари за да можат да си ги платат сметките за струја. Од Владата пак ги повикуваат oпштините како и државните институции навремено да си ги плаќаат сметките за да може да има редовно снабдување со струја.

Градоначалникот уште еднаш ги повтори приоритетите да се изградат 4-5 нови градинки и доградба и прошируѕвање на 3-4 основни училишта, како и дигитализација на општината.  Во програмата е предвидено и средно училиште.

- Срамота е најголемата општина да нема ниту една гимназија. До крајот на мандатот заедно со Град Скопје ќе изградиме една модерна гимназија, додаде Муцунски.


Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ