ТИТАН УСЈЕ прва компанија со Платиниум сертификат за системот Нула отпад на депонија
Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2025 16:17
ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад - Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.
Една од најзначајните негови придобивки е намалувањето на количините на отпад кои се одлагаат на депонија, што е од исклучително значењеод аспект на животна средина, но и од економски и социјален аспект, а придонесува и генерално за намалување на емисиите на стакленички гасови.
„Иако компанијата во производниот процес не создава отпад, активно работиме на ефективна имплементација на одржлив систем на управување со отпад, кој се генерира од амбалажата на производите, од одржувањето на погоните и од административното работење. Како членка на групацијата ТИТАН, достапни ни се најдобрите практики во оваа област кои успешно ги имплементиравме. Оваа награда за нас е од големо значење, бидејќи доаѓа во годината кога одбележуваме 70 години од нашето постоење и е вистинска потврда на нашата определба за имплементирање на принципите на кружната економија во нашата компанија. Овој модел е значаен и за заедницата, а ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да помогнеме во пошироко имплементирање на овој начин на работење“, истакна Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН УСЈЕ.
Системот „Нула отпад на депонија“ подразбира одвоено собирање на различни фракции на отпад и водење на точна и транспарентна евиденција. Детално се следи и документира текот на материјали кои влегуваат и излегуваат од процесите, количината на создаден отпад, како и типот и начинот на управување со секој тип на отпад.
Откако ќе се соберат податоците за количината на генериран отпад и делот од отпадот кој е третиран преку некој од горенаведените механизми, се врши пресметка на стапката на повратен материјал, односно отпад кој не завршил на депонија. Платиниум сертификат добиваат само компаниите кои имаат од 99 до 100 отсто стапка на повторна употреба на отпадот. Во 2024 година ТИТАН Усје има 99,86 % повторна употреба на отпадот.
ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и континуиран развој преку дигитализација, иновации и воведување на вештачка интелигенција во сите сегменти од работењето. Компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија,со што значително се намалуваат емисиите на CO₂.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




