23 Ноември, 2024
0.0289

ТОА ГО ЗНААТ САМО БАНКАРИТЕ - како се прави чист профит од 74 милиони евра за половина година

Објавено во: Финансии 24 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Ако минатата година и пандемијата не им можеше ништо, па покажаа одлична профитабилност, годинава домашните банки влегоа во нови рекорди според висината на остварената добивка.

Или, во првото полугодие од 2021 година четиринаесетте домашни банки оствариле вкупен профит од 74,2 милиони евра. Во однос на 44,5 милиони прокнижени во истиот тајминг лани, всушност добивката на банкарскиот сектор е зголемена за 29,7 милиони евра.

Податоците кои ги објави Народна банка на Македонија покажуваат како банките успеаја годинава уште повеќе да ги зголемат своите профити.

Ако се анализираат бројките, всушност може да се дојде до констатација дека повисокиот профит се должи на тоа што банките имале помалку резервации за лошите кредити, што значи дека граѓаните и фирмите годинава полесно си ги враќале своите заеми, но и на повисоките суми наплатени отпишани побарувања, што исто така оди во прилог на тоа дека економската состојба сега е подобра, па на должниците полесно им оди раздолжувањето кон банките. Повеќе пари банките заработиле и од провизии и надоместоци кои им ги наплаќаат на граѓаните и фирмите и каде се забележува значајно зголемување на приходите.

Но, да одиме со ред за тоа каде е регистрирано подобрување на финансискиот резултат во првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани.

Ако се гледаат податоците за нето приходите од камати, кои всушносат го прават лавовскиот дел од банкарските профити и се однесуваат на разликата меѓу каматите што банките ги плаќаат и наплатуваат на депозитите и кредитите, ќе се забележи дека во првите шест месеци од годинава нема големи разлики во однос на лани. Или, за првото полугодие од 2021 година, нето приходите од камати изнесувале близу 124 милиони евра, што е за нецели два милиони евра повеќе во однос на истиот период во минатата година. Што ќе рече дека овде немаме големи разлики.

Затоа, пак, од нето приходите од провизии и надоместоци банките заработиле многу повеќе пари од јануари до јуни годинава, во однос на истит период лани. Или, во првото полугодие од годинава од провизии тие „ќариле“ 44 милиони евра или дури за седум милиони евра повеќе од истиот период лани. Тоа значи дека граѓаните и фирмите многу повеќе пари дале за овие банкарски услуги, без кои практично не се може.

Кога станува збор за нето приходите од курсни разлики, има само мала разлика од околу 200 илјади евра повеќе во првото полугодие од годинава, во однос на лани, односно приходите од таа ставка годинава изнесувале осум милиони евра.

Она што многу повеќе на банките годинава им донело добивка во однос на лани се останатите приходи од дејноста, од кои оствариле 35 милиони евра, наспроти 26 милиони во првото полугодие лани, што говори дека тука има раст од повеќе од девет милиони евра. Во оваа ставка, пак, најголемата сума приходи се должи на наплатени претходно отпишани побарувања, што говори дека банките успеале да си ги повратат дури и оние дадени заеми од кои претходно „кренале раце“.

А, многу подобра во билансите на банките е и состојбата во поглед на исправките на вредноста односно резервациите за лошите кредити, каде годинава имаат многу пониски расходи, што, пак, зборува за подобрената состојба во раздолжувањето кон банките. Или, од јануари до јуни годинава за исправки на вредноста банките исплатиле околу 39 милиони евра, наспроти 52 и пол милиони во истиот период лани, што значи дека овој трошок на банкарскиот систем му е намален за близу 14 милиони евра.

Банките, пак, и покрај високите плати на нивните вработени, не ги зголемиле значајно трошоците за нив. Па така, во првото полугодие годинава тие биле 42,7 милиони евра, што е за околу 200 илјади евра повеќе од истиот период минатата година.

Пораст на трошоците има кај останатите расходи од дејноста, за околу три милиони евра, со што тие во првото полугодие од годинава изнесуваат 46 милиони евра.

И овој пат како и секогаш досега големите банки го прават најголемиот профит.

Големата банкарска петорка направила вкупен профит од 61 милиони евра, наспроти истиот перод лани кога нивниот вкупен профит бил 47 милиони евра.

Додека, пак, трите најголеми банки оствариле вкупен профит од 50 милиони евра, што е многу повеќе од сите други банки заедно.

Највисок профит за првите шест месеци од годинава има НЛБ Банка, и тоа 18,3 милиони евра, а веднаш по неа следува Стопанска банка Скопје, со добивка после оданочување од 17,8 милиони евра. Најголемата банка во земјава, Комерцијална банка, има профит за првото полугодие од 13,5 милиони евра.
Кај сите три банки има зголемување на профитите во однос на истиот период минатата година.

Огромно подобрување има кај средните банки, во кои се до крајот на првото полугодие лани влегуваше и сега ликвидираната Еуростандард банка. Средните банки сега имаат профит од 12 милиони евра, наспроти загубата од 3,7 милиони евра која ја имале во првото полугодие од минатата година.

Малите, банки, пак, во првите шест месеци имале вкупна добивка од 1,4 милион евра, или за 300 илјади евра повеќе од истиот тајминг во 2020 година.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?