ТОДОР КУЛАКОВ: Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2025 17:15
Според таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, пресудата за прегазувањето на девојката е срамна и тажна откако Васил Јованов денеска доби 12 години затвор.
„Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа недржава. Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот“, изјави Кулаков пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Кулаков порача дека не се откажуваат и дека разбирливо ќе протестираат ако треба барајќи оставки.
„И Бог нека им суди и пресуди. Ние не се откажуваме“, порача Кулаков.
Првиот впечаток кога влегол во судницата, како што рече, бил дека родителите на Васил Јованов биле тотално релаксирани.
Обвини за уништување на докази од останатите тројца кои биле во автомобилот со Васил Јованов, за кои како што рече, требало да има кривична пријава.Судијката Снежана Марковска, на објавувањето на пресудата денеска во Основниот кривичен суд Скопје рече дека како олеснителни околности Судот ги ценел признанието на вина и чувството на вина, како и свесноста за степенот на кривичното дело што го сторил и последиците, возраста и немањето доволно искуство, поранешениот живот - активен студент и спортист и неговото однесување по сторувањето на делото, додека како отежнителни интензитетот на дејствијата и прекршување на голем број бланкетни норми од Законот за сообраќај, како и степенот на опасност од предизвикување на ова дело и тоа што обвинетиот е претходно осуден на казна затвор од три години и десет месеци за недозволена трговија со дрога и фактот што против него пред судот се отворени уште неколку постапки за поминување на црвено и загрозување на животот на пешаците и целосно игнорантскиот однос кон нив.
Претходно, по загинувањето на девојката имаше протести во Скопје и во Неготино.
Можеби ќе ве интересира
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти




