Тодор Сејзов нов извршен директор на винаријата Сковин АД
Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2015 12:05
" Новата функција е уште еден нов, голем предизвик во мојата професионална определба. Македонија има огромен потенцијал за развој на винскиот сектор како во рамките на нашата земја така и во регионот па и пошироко. Секако дека Сковин е веќе докажан бренд и подолг период извезува вино во Европа, Русија, Јапонија и Канада. Пробивањето на нови пазари и запознавањето на културата и навиките на тамошното население ни дава дополнителен стимул и желба за работа и адаптирање на нашиот финален производ во согласност со барањата и потребите на крајниот конзумент. Во моментов сме во преговори за проширување и освојување на поголем дел од Кинескиот пазар. Во однос на домашниот пазар новина е соработката со нашиот нов дистрибутер Гемак, а исто така и морам да споменам дека Сковин АД во целост ги исплати лозарите и со тоа ја испочитува законската обврска за откуп на грозјето предвидено до 30.04.2015г.
Тимот на Сковин предводен од професионални енолози секогаш успева да понуди нови и квалитетни вина, во контекст на ова ќе го споменам последното пенливо вино - Сковин Пенливо кое го лансиравме на пазарот непосредно пред новогодишните празници. Сковин Пенливо е добиено со примена на класична метода на производство што му дава врвен квалитет и неодолив вкус. Иновативноста на Сковин секогаш била нејзина предност, впрочем ние бевме првата винарија која излезе со брендирана ракија и првото пенливо вино (2003 год.) " завршува Сејзов.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




