05 Декември, 2025
0.0407

ТОЈ Е ВРВЕН ПРОФЕСОР ПО ПРАВО, АМА И БАНКАРСТВОТО МУ Е ФАХ - кој е старо-новиот член на НО на ТТК банка, а има и вредни акции

Објавено во: Финансии 19 Август, 2024 10:26

Добивај вести на Viber

Потребниот документ од Народна банка на Македонија е добиен и веќе нема никакви пречки академик Влада Камбовски да продолжи уште 4 години да биде член на Надзорниот одбор на ТТК Банка. 

Оваа банка вчера за тоа ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Ве известуваме дека со Решение на Гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија од 15.08.2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување на академик Владо Камбовски за независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 (четири) години сметано од 19 септември 2024 година“, се вели во икзвестувањето од ТТК Банка. 

Инаку, како што веќе има пишувано Фактор, Владо Камбовски е етаблиран доктор на правни, науки, академик, а своевремено и министер за правда. Покрај тоа, овој 76 годишен битолчанец се покажа и како врвен инвеститор во акции. Конкретно, неговите вложувања во акции на Комерцијална банка и на ТТК Банка денеска вредат 1,56 милиони евра.

Имено, неодамна благодарение на транспарентна објава на ТТК Банка дознавме дека универзитетскиот професор по кривично право бил акционер во Комерцијална банка. Таму поседува 3.900 акции чија денешна пазарна вредност е 1,51 милиони евра.

Освен во најголемата деловна банка во Македонија, Камбовски поседува и 1.738 акции во ТТК Банка. Нивната последна пазарна вредност е околу 45.000 евра.

Или, се заедно околу 1,558 милиони евра.

Инаку, предлогот академик Камбовски да биде уште четири години член на НО на ТТК Банка го даде во јули годинава најзначајниот акционер на банката, а тоа е тетовскиот комбинат Тетекс, кој поседува над 41 отсто од акциите со право на глас, а истиот месец го прифати и Собранието на акционери.

„Предложениот кандидат поседува професионални квалификации да ја извршува работата од делокругот на работењето на НО на банката, што се докажа со неговото досегашно членство. Неговиот придонес во работата на НО е исклучителен и со своето натамошно членство ќе придонесува НО на ТТК банка доследно да ги извршува работите од своја надлежност“, беше наведено од предлагачите. 

Мандатот на професорот Камбовски ќе стартува од 19 септември годинава и ќе трае 4 години. 

На именуваниот член на НО, односно академик Камбовски, ќе му се одреди и награда за ангажирање и учество во работата на седниците. 

Академик Владо Камбовски е доктор на правни науки и беше редовен професор на Правниот факултет во Скопје, сега е во пензија. Тој е член на МАНУ, каде е раководител на Центарот за стратегиски истражувања.

Покрај акциите, и тоа 1.738 акции во ТТК банка, како и 3.900 акциии во Комерцијална банка, тој кон ТТК банка нема заеми ниту било какви други обврски.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката