ТОЛПИ ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА ГАЗА: Загинаа најмалку 12.000 Палестинци од кои 5.000 се деца
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2023
Расте бројот на жртви во Газа. Најмалку 12.000 Палестинци се убиени во Газа, тврди палестинската терористичка група Хамас. Сателитските снимки покажуваат огромни толпи луѓе кои се обидуваат да побегнат во јужниот дел на Газа.
Меѓу загинатите има и 5.000 деца. Вчера палестинските здравствени власти објавија дека се убиени повеќе од 11.470 луѓе. Две третини од нив се жени и деца. Околу 2.700 луѓе се исчезнати.
Инаку, во Израел беа убиени околу 1.200 луѓе, откако Хамас на 7 октомври изврши напад.
Израел вели дека Газа е само почеток и дека ова е крајот на Хамас.Израелскиот министер за одбрана Јаов Галант го нарече највисокиот воен функционер на палестинската милитантна група Хамас во Газа, Јахја Синвар, „новиот Осама бин Ладен“, споредувајќи го со лидерот на Ал Каеда.