17 Декември, 2025
0.0674

Тома Фила раскажа како придонел за независноста на МПЦ-ОА: Ги седнав заедно архиепископот Стефан и патријархот Иринеј

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2022 18:22

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите правници на Балканот, Тома Фила, за српска „Политика“ денеска раскажа како придонел МПЦ-ОА да ја добие својата независност од СПЦ. Судбината неколку пати го преселила од Битола во Белград и обратно, па затоа и двата града ги носи во срцето каде и да го одведе денес патот. Тој се залагаше за зајакнување на односите меѓу Србија и Македонија и зближување на нивните братски народи. Се залагаше и за автокефалност на МПЦ и влијаеше на затоплување на односите меѓу двете сестрински цркви кои неодамна се најдоа во нова прегратка. Тој е претседател на црковната општина на град Белград, заменик митрополит на белградско-карловачката архиепископија и член на Управниот одбор на Патријаршијата на Српската православна црква. За „Политика“ тој зборува за петдеценискиот пат на МПЦ кон автокефалност и неговата улога во надминувањето на црковниот спор меѓу двете сестрински цркви.

Ја имавте улогата на помирувач во македонско-српскиот црковен спор, заговарајќи МПЦ да добие независност од СПЦ. Како придонесовте за надминување на овој вековен раскол меѓу двете сестрински цркви?

Поранешниот амбасадор на Македонија во Србија Љубиша Георгијевски, инаку познат театарски и филмски режисер, решивме да помогнеме колку што можеме за да и дадеме автокефалност на МПЦ. Го презедовме она што можевме - воспоставивме контакт помеѓу Архиепископот Стефан, на кого му посакувам еден ден да стане патријарх, и Неговата Светост Српскиот Патријарх г. Иринеј, со кого бев голем пријател и кој беше најистакнат гостин на моите прослави и уживаше во мојата најголема почит. Близок пријател сум и со неговиот секретар Дејан Накиќ, кој се занимаваше со воспоставување контакти. Организирав средба меѓу покојниот патријарх Иринеј и архиепископот Стефан во Патријаршијата на Српската православна црква. Имав привилегија да присуствувам на тој состанок.

Како течеше таа средба и дали бевте сведок на некаков договор тогаш?

Никогаш нема да ја објавам содржината на таа средба бидејќи се заколнав дека ќе остане тајна.

После тоа разговаравте со тогашниот премиер Никола Груевски?

Да, следен чекор беше средба во Скопје со тогашниот македонски премиер Груевски. Му објаснив што треба да му се претстави, меѓутоа, имаше проблем што беше невозможно да се реши во тој состав. Имено, се зборуваше за враќање на Охридската архиепископија под покровителство на СПЦ, како што беше до 1959 година, за да добие автономија, а подоцна, со време, да се создадат услови за добивање автокефалност од страна на СПЦ. Според тогашниот патријарх Иринеј, тоа би траело две до три години. Но, предлогот беше одбиен од МПЦ и премиерот Груевски. Така практично заврши мојот ангажман за решавање на овој проблем.

Затоа, СПЦ не беше подготвена толку брзо да ја благослови автокефалноста на МПЦ, а МПЦ не сакаше да ја чека нејзината независност. Каков беше вашиот однос кон тоа прашање тогаш?

Расположението на владиците тогаш не беше во прилог на ваквото решение, тие не беа подготвени за тоа брзо да биде призната автокефалноста на МПЦ. Тоа, како што кажав, беше крајот на мојата мисија, иако сите го знаеја мојот став тогаш, како што го знаат денес. Секако, сакав да се признае автокефалноста на МПЦ-Охридска архиепископија. Кој е мојот мотив? Имав многу прецизни податоци дека од 1967 година, 99,9 отсто од верниците во Македонија ја следат богослужбата во македонските цркви на македонски јазик и треба нивната црква да биде признаена.

Владиката Јован Вранишковски назначен од СПЦ и уште тројца владици немале свои верници. Ако направиме паралела со СПЦ во Црна Гора, чии верници ја следат богослужбата во храмовите под јурисдикција на Српската православна црква, а само мал дел од нив застанаа на страната на расколничката црногорска црква - тоа е сосема спротивно од тоа во Македонија.

По 55 години, СПЦ и МПЦ - ОА повторно се најдоа меѓусебно во прегратка. Литургијата на помирување се служеше најпрвин на 19 мај во црквата Свети Сава во Белград, а потоа на 24 мај во црквата Свети Климент Охридски во Скопје, со што беше воспоставена литургиска и канонска заедница на двете сестрински цркви. . Тогаш српскиот патријарх г. Порфириј, на радост на сите македонски православни верници, ја објави одлуката на Собранието на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на Македонската црква. Како се чувствувате за оваа вест?

Како човек кој од почетокот се залагаше за вакво решение, многу сум среќен и горд на признавањето на автокефалноста на МПЦ - ОА од страна на СПЦ. Соборот на СПЦ, кој е овластен да дава автокефалност, едногласно одлучи МПЦ по неколку дена да добие автокефалност. Така, се промени некогашниот цврст став за различен временски интервал кој е неопходен за да се постигне независноста на МПЦ. Секако, разговорите продолжуваат и ќе продолжат, но со задоволство можам да констатирам дека нема повеќе спорни прашања меѓу нашите две земји, вклучително и фактот дека границата меѓу нив е целосно регулирана.

Српскиот патријарх Порфириј истакна дека верува оти сите сестрински цркви ќе ја прифатат одлуката на Собранието на СПЦ за автокефалност на МПЦ-ОА. Каква реакција очекувате од сестринските цркви?

Ќе видиме како ќе реагира некој од другите патријарси. Веќе има некои реакции од Грција, чекаме реакции од Бугарија. Во секој случај, многу сум задоволен што нема ништо поспорно меѓу нашата СПЦ и МПЦ. Многу сум среќен како човек што го доживеав ова бидејќи барем малку придонесов за овој голем историски настан.


Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра