ТОНИ СТОЈАНОВСКИ ОД СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НА ЧЕЛО - Берзата ги реизбра членовите на Бордот на директори
Објавено во: Финансии 11 Април, 2024 11:16
Членовите на Одборот на директори на Берзата неодамна биле реизбрани, па тие уште четири години ќе ја вршат својата функција.
На местото претседател на Бордот на директори на Берзта бил реизбран Тони Стојановски, инаку генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка Скопје, како и член на Управниот одбор на нашата најстара банка во земјава, а и една од најголемите и најуспешните банкарски институции.
„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност известуваме дека на 28.03.2024 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на членови на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје, по што се одржа и конститутивна седница на Одборот на директори. Согласно собраниската одлука за избор на членови на Одборот на директори на Берзата досегашните членови на Одборот продолжија да ја извршуваат оваа функција и во новиот мандат во времетраење од четири години. На конститутивната седница за Претседател на Одборот е реизбран г-дин Тони Стојановски.
Согласно наведеното Одборот на директори на Берзата е со следниот состав:
1. Тони Стојановски - претседател
2. Ивана Гажиќ
3. Нина Неданоска
4. Михајло Брова Зиков
5. Славчо Филипчев
6. Иван Штериев
7. Горан Анастасовски- независен член
8. Иван Мишев – независен член“, се вели во објавата од Берзта.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





