22 Ноември, 2024
0.1157

Топ 20 економски оператори

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Дури пет компании во Македонија заработиле повеќе од една милијарда денари од учествата во јавните набавки за една година, според извештајот што го објави оваа недела Бирото за јавни набавки, по официјалната обработка на податоците за 2019.

На првото место е ТЕ-ТО АД Скопје со 1.697.187.065 денари. Најголем дел од сумата најверојатно се должи од тендерот за природен гас кој компанијата го добива за потребите на „Балкан Енерџи“.

На второто место е Македонски Телеком со 1.330.278.474 денари, а трет е Алкалоид Конс со 1.189.236.464 денари. Во петте „милијардери“ се уште и трговецот со горива Пуцко Петрол со 1.179.900.207 и операторот кој е најпознат по ископот на јаглен за РЕК Битола, Марковски Компани, со 1.143.253.065 денари.

На листата на Бирото високо котираат и Никоб со над 890 милиони, ОКТА со 860 и словенечката Iskraemeco, која е позната по своите технички уреди за електрична енергија, со 855 милиони.

Може да се каже дека една година претходно имаше многу покрупни добитници. Станува збор за компании кои главно работеа на капиталните инвестиции како Гранит и Рапди Билд со по околу три милијарди денари. Блиску беа и Градежен институт Македонија и Бетон АД - првите со безмалку две милијарди, вторите со 1,6.

А.К.




* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria