ТОШКОВСКИ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА БОБАН ТРПКОВ: „Нека му вечна слава на херојот“
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2024
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, положи цвеќе на бистата на бранителот Бобан Трпков, кој во 2001 година го загуби животот.
„Со длабока почит денеска положив цвеќе на бистата на Бобан Трпков - македонски бранител кој трагично го загуби својот живот како припадник на МВР во 2001 година. За своето херојство и жртва постхумно беше одликуван со медал за храброст.
Во негова чест денес се одржа 23. Меморијален турнир во мал фудбал, каде што херојот Трпков растеше и другаруваше. На турнирот на кој секоја година го славиме неговото дело учество земаа припадници на МВР - Специјалната антитерористичка единица Тигар, Единицата за брзо распоредување, Интервентната полиција и СВР Скопје.
Нека му вечна слава на херојот, бранителот Бобан Трпков!
Да живее Македонија!“, напиша тој на фејсбук.