ДЕБЕЛО ЌЕ ПЛАТИТЕ АКО СОЗДАДЕТЕ ДИВА ДЕПОНИЈА: Ќе ви се одземе возило и ќе платите од три до пет илјади евра, иницијатор на казната е Ѓорѓиевски

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2024 13:35
Во своето гостување во Радио Слободна Европа, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски истакна дека неодамна предложената иницијатива за законски измени и зголемување на казните за создавачите на диви депонии, очекува да вроди со плод и да се спречи несовесното уништување на животната средина.
Како што најави, казните би биле во висина од три до пет илјади евра и можност за одземање на возилото на сторителот.
- Знаете како, од една страна треба да се влијае и на инспекторите. Но, еве во мојата општина имам неколку инспектори, значи дека не е дека немам инспекција, но постапуваат по тарифници, односно глобите се премногу ниски.
И сега, ако земете во предвид одредена градежна компанија, која што во неколку наврати ја казнуваме за истата работа, претпоставам дека концептот нивни е, подобро ќе ризикувам да ме казни општината со 30, 40 или 50 евра, отколку да го носам отпадот во Дрисла.
На овој начин сметаме дека ќе влијае во глобала на целата слика, затоа што ние генерално до сега се занимаваме со последиците. Сега ќе влијаеме на причинителот на сето тоа. И 30-тина години во државава ние генерално во политиката се занимаваме со решавање на последиците, но притоа никој не обрнува внимание на причинителите, односно на начинот на кој што доаѓаме ние да се занимаваме со последиците.
Со казни во висина од 3 до 5 илјади евра и со можност за одземање на возилото на сторителот, на тие 2-3% од населението кое што поради нивната несовесност страдат сите наши сограѓани, дали е тоа во Скопје, дали е било каде во било која општина низ Македонија, сметам дека сериозно ќе влијаеме да се спречи таквата појава и дека ќе има што помалку такви појави во перспектива – истакна Ѓорѓиевски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!
