Три возила опожарени во Кисела Вода, МВР презема мерки за расчистување на случајот
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2024
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска било пријавено дека на територијата на Кисела Вода биле опожарени три возила. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Денеска (15.09.2024) во 04:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје, стои во соопштението од МВР.
Како што дополнуваат, огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.