БИ БИЛ ДОБАР ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: Ѓорѓиевски вели дека не се плаши од работа
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2024
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на Радио Слободна Европа запрашан дали ќе биде следниот кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека тоа зависи од повеќе фактори, но и дека би бил добар градоначалник и не се плаши од работа.
- Тоа зависи од повеќе фактори. Мене приоритет во моментов ми е да ги дореализирам сите проекти кои што сум се обврзал пред моите сограѓани, да ги реализирам, а де факто најголем дел од проектите ми се реализирани, над 90% имам уште еден сет на проекти кои што не сум ги ветил, но жива материја произлегле и се реализирале. Логички е и нормално секој човек да има амбиција, особено во политиката, да сработи и остави резултати зад себе.
Доколку сметат граѓаните дека јас добро ја водам општината, секако ќе има анкети нашата политичка партија, доколку одлучат граѓаните за тоа, притоа и телата на нашата политичка партија, Централен комитет, Извршен комитет и секако претседателот на партијата, мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје. Не се плашам од работа и сметам дека можам да придонесам многу за градот Скопје – истакна Ѓорѓиевски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.