(ГАЛЕРИЈА) ТРАДИЦИОНАЛНО ОБРАЌАЊЕ: Иванов жали што се притворени пратеници, критикува медуми, обвини за реваншизам
Објавено во: Македонија, Галерија 26 Декември, 2017 13:09
Во тек е традиционалното годишно обраќање на шефот на државата во Собранието.
Оттаму претседателот Ѓорѓе Иванов упати низа критики за власта, но и за медиумите, изнесе низа критики за реваншизам и жалење за притворените пратеници и граѓани од 27 април.
Иванов рече дека е крајно време да се соочиме со вистината и креирањето на лажни вести во медиумите, на социјалните мрежи и интернет.
Се осврна и на потребата од борба против корупцијата и организиран криминал но и за реформите во судството.

Сепак тој дел од обраќањето посвети на и на последните приворање на дел од пратениците кои се гонат за инцидентите од 27 април кога толпа народ упадна во Собрание и нападна пратеници.

Во однос на оваа тема Иванов рече дека секој кој постапил спротивно на Уставот и законот, треба соодветно да одговара, но и дека одмаздата води кон одмазда.
„Граѓаните имаат права на одбрана. За жал видовме граѓани од „Заедничка Македонија“ и пратеници кои беа апсени или обвинети за тероризам…Правдата завршува таму каде што реваншизмот започнува. Затоа постојано повикував на смирување на тензиите и на разумно однесување. Мора да ја вратиме културата на политички дијалог. Лидерите на власта и опозицијата треба да имаат нормална комуникација во интерес на граѓаните. Во државата како политичка заедница сосема е нормлано да не се согласуваат сите, но не е нормално да се уништуваат поради тие различности“, потенцира Иванов.

Тој рече дека наредната година е можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт.
ФОТО ФАКТОР
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“





