ТРАГЕДИЈА - Момче на 24 години пронајдено мртво во када во кавадаречкото село Марена
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2025
Уште една трагедија ја потрсе Македонија, по смртта на млада личност. Имено, како што информираат службите, во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови младо момче било пронајдено починато во Кавадарци.
Станува збор за Д.Н. на возраст од 24 години кој синоќа бил пронајден починат во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Во 19:05 часот во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство, појаснуваат од СВР - Велес.
Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР - Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.