Трагедија во Струмица: Го загуби животот од греалка
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2025
Маж на 62 години почина во Струмица задушувајќи се во чад, откако претходно паднал и се запалил од греалка.
„На 31.12.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица.
Лекар констатирал смрт поради загушување со чад, а претходно лицето паднало врз електрична греалка и му се запалила облеката“, објави МВР.
Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.