29 Јуни, 2024
0.0313

Трагичната смрт на младото момче ќе го донесе лекот за малигна хипертермија

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Трагичната смрт на 15 годишното момче од ретката состојба малигна хипертермија наведува за неизбежна набавка на специјален лек кој може да се употреби за спасување на други пациенти од фатални последици. Минатата недела момчето почина од малигна хипертермија по примањето на анестезијата заради операција на колено што го крена алармот. 

- Овој лек очекуваме да го добиеме како донација од американска фондација во текот на следната недела - изјави министерот за здравство Венко Филипче, за Сител.

Лекот „дантролен“ ќе биде внесен во земјава преку интервентен увоз, а ќе го добијат и некои приватни болници. Лекот не е регистриран во Република Македонија. 

Директорката на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимиција, интезивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, д-р Маја Мојсова, вели дека станува збор за генетска мутација при која има патолошки одговор на клеточното ниво на анестетици.

Таа во емисијата „24 Анализа“ објасни дека самата генетска мутација влијае анестетикот да влијае штетно врз целиот организам, со зафаќање на белите дробови, срцето, црниот дроб. Во случајов најголема реакција имало кај белите дробови. Таа посочи дека за вакви случаи постои лек кој не значи дека ќе спаси живот, но може да помогне во ситуации како во случајот со 15-годишното момче. 

Од Институтот за судска медицина велат дека најрано за три недели ќе можат да ја утврдат точната причина за смртта на момчето.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност