Трајче Заев задоволен од дневниот промет на берзата
Објавено во: Финансии 24 Октомври, 2018 11:57
Трајче Заев, бизнисмен и братучед на премиерот Зоран Заев, објави фејсбук-статус во кој не го криеше своето задоволство од еден од најпрометните денови во историјата на македонската берза.
„Warp speed...5,91% . Не е лошо за почеток!!!“, напиша Трајче Заев за денот со рекорден промет на истргувани акции во последните два и пол месеци.
Индексот на МБИ10 во петокот заврши со раст од 5.91%. Вчерашниот промет на Македонска берза заврши со промет од над 90 милиони денари. Некои акции дури забележаа раст од 10%.
Откако пратениците во Парламентот со двотретинско мнозинство изгласаа за Уставните измени, домашните инвеститори ги одврзаа кесињата. Во понеделникот беа истргувани акции во вредност од 91,4 милиони денари. Најтргувана беше акцијата на НЛБ Банка со 29.5 милиони денари, по неа следеше Комерцијална банка со 12,8 милиони денари и Макпетрол со 11.3 милиони денари.
Аналитичарите очекуваат понатамошен раст на цените на акциите поради фактот што компаниите се во добра финансиска кондиција, како и понатамошниот развој на настаните поврзани со влезот во НАТО и ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




