ТРАЈКОВИЌ: Aко Србија стане членка на НАТО, прашањето за статусот на Косово ќе биде стопирано
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2024
„Компромисот“ на Вучевиќ е поделба на Косово, вели претседателката на Европското движење на Србите од Косово, Рада Трајковиќ.
Таа изјави дека подготвеноста на Србија за компромиси за Косово може да значи само поделба на таа територија, но и конфликти. Трајковиќ за изјавата на премиерот Милош Вучевиќ дека Србија е „подготвена да направи компромиси“ за Косово, Трајковиќ за агенцијата Бета изјави дека ова е обид на властите во Белград да се вратат на своите „првични позиции“ со цел поделба на територијата.
„Меѓутоа, иако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во основа ги предаде на Приштина сите институции и животот на Србите, функционалноста на властите во Приштина не е реализирана. Пораките кои упатуваат на поделба на Косово предупредуваат на нова дестабилизација и кампања против Србија и Србите кои не ни требаат во овој момент“, рече таа. Трајковиќ вели дека косовскиот премиер Албин Курти го контролира северот на Косово со помош на специјални полициски сили. Според неа, безбедноста на Косово секој ден се загрозува. „Курти ја спроведува идеологијата за формирање на голема Албанија, додека Вучиќ преку Вучевиќ уште еднаш бара поделба на Косово. Сите знаат дека тоа не може да се постигне без конфликт. И двете од овие стратегии би можеле да предизвикаат конфликт кој би завршил со протерување на Србите од север или со влегување на нашите воени сили на северот на Косово во име на заштита на Србите“, рече Трајковиќ. Таа додаде дека НАТО носи сè поголем број војници на Косово. „НАТО не сака да ги менува границите на територијата. Доколку Србија стане членка на НАТО, прашањето за статусот на Косово ќе биде стопирано“, рече Трајковиќ. Српскиот претседател Алекснадар Вучиќ изјави дека во Брисел имал соодветни билатерални средби со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, но дека немало билатерална средба со косовскиот премиер Албин Курти, бидејќи Курти не сакал да се сретне со него.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.