Трајковски: Доволно е пет дена затворање на маркетите кои не поевтинија
Објавено во: Економија 25 Септември, 2023
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, на денешната прес-конференција рече дека предвидено е казната да трае пет дена за маркетите кои беа затворени во саботата поради тоа што не ги намалиле цените.
Трајковски рече дека од 50 контроли извршени во саботата, затворени биле пет трговски објекти кои припаѓале на компании сопственици на ланец маркети, а при тоа не ја почитувале владината мерка да ги намалат цените на 25 производи за 10 отсто во однос на ценовниците од 1 август.
„Сакам да им заблагодарам на граѓаните кои пријавуваат во инспекторатот, со што ни ја олеснуваат работатат во голема мера. Од 50 контроли, во саботата затворени се пет маркети. Петдневно затворање е доволно за овие компании“, порача Трајковски.
Министерот за економија Крешник Бектеши наведе дека во скопскиот регион затворени се маркети на „Веро“ и „Вива Фреш“ и дека јавно се се соопштуваат нивните имиња затоа што голем број трговски компании се рекламираат во медиумите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.