09 Декември, 2023
0.0244

Трајковски: Затворените маркети ги платија казните и ќе може да отворат во четврток

Објавено во: Економија 27 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски денеска пред медиумите рече дека затворените маркети кои во саботата беа казнети поради тоа што не ја испочлитувале владината мерка за намалување на цените на 25 производи за 10 отсто, од четврток повторно ќе продолжат со работа.

„Зборуваме за сериозни компании кои не смеат да си го дозволат тоа и не смеат да дозволат да доведуваат граѓани во заблуда и да се служат со нечесни трговски практики. Без селекција, без компромис - затвораме. Тоа можевте да го видите. Казните се платени и истите ќе може да отворат од четврток изутрина“, рече Трајковски.

Директорот на ДПИ најави дека од денеска ќе има нови засилени контроли по новите одлуки на владата и дека ќе се зголеми и надзорот на помалите продавнички.

„Државниот пазарен инспекторат и денеска ги контролира големите ланци на маркети. Од исходот на вечерните часови ќе знаеме во текот на ноќните часови, или во текот на утрешниот ден. Но не застануваме тука, казни има, ќе се зголеми и бројот на проверки кај помалите продавнички-трговци на мало, но и кај снабдувачите и трговците на големо. Бидејќи, не сакаме да видиме никоков недостаток на стока кај трговците на мало“, изјави Трајковски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ ТРГОВСКИ ЛАНЕЦ ИСПЛАТИ 300 ЕВРА БОЖИЌНИЦА - најавуваат и значително зголемување на платите во идната година

ГОЛЕМ ТРГОВСКИ ЛАНЕЦ ИСПЛАТИ 300 ЕВРА БОЖИЌНИЦА - најавуваат и значително зголемување на платите во идната година

Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето

Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето

СРПСКА КОМПАНИЈА ОБЈАВИ ДЕКА МОРА ДА ОТПУШТИ ДОСТА РАБОТНИЦИ - прв пат поминуваме низ нешто вакво, тешко е да се отпуштат добри луѓе

СРПСКА КОМПАНИЈА ОБЈАВИ ДЕКА МОРА ДА ОТПУШТИ ДОСТА РАБОТНИЦИ - прв пат поминуваме низ нешто вакво, тешко е да се отпуштат добри луѓе

МЕТА И IBM ЛАНСИРАА АЛИЈАНСА - таа ќе ја промени вештачката интелигенција

МЕТА И IBM ЛАНСИРАА АЛИЈАНСА - таа ќе ја промени вештачката интелигенција

ЗА САМО ТРИ ГОДИНИ КИНА СО ОГРОМЕН НАПРЕДОК: Фокус на зелениот развој и климатските активности

ЗА САМО ТРИ ГОДИНИ КИНА СО ОГРОМЕН НАПРЕДОК: Фокус на зелениот развој и климатските активности

ПАРАДОКС НА БАЛКАНОТ - еве каде еден килограм џимиринки чини колку три килограми месо

ПАРАДОКС НА БАЛКАНОТ - еве каде еден килограм џимиринки чини колку три килограми месо

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР ПРОДАДЕ АКЦИИ ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ОБЈАВИ ОТПУШТАЊА - еве како менаџер од Спотифај заработи над 9 милиони долари

ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР ПРОДАДЕ АКЦИИ ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ОБЈАВИ ОТПУШТАЊА - еве како менаџер од Спотифај заработи над 9 милиони долари

ТИЕ СЕ НОВАТА СРПСКА ДЕЛОВНА ЕЛИТА - имаат најмалку 140 фирми и вртат милијарди

ТИЕ СЕ НОВАТА СРПСКА ДЕЛОВНА ЕЛИТА - имаат најмалку 140 фирми и вртат милијарди