Трамп ги тужи издавачот на „Волстрит џурнал“ и Руперт Мердок, бара 10 милијарди долари
Објавено во: Финансии 19 Јули, 2025 12:22
Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба барајќи 10 милијарди долари од Руперт Мердок и други лица откако „Волстрит џурнал“ објави извештај за писмо што американскиот претседател наводно го напишал за починатио педофил Џефри Епштајн.
Судските записи покажуваат дека Трамп во петокот поднесе тужба во федералниот суд во Флорида против „Волстрит џурнал“, неговите матични компании „Њуз корп“ и „Дау Џонс“, двајца новинари на „ВСЈ“ и сопственикот на весникот, Мердок.
Во тужбата за клевета, поднесена во Јужниот округ на Флорида, Трамп рече дека бара отштета и други трошоци што „не треба да бидат помали од 10 милијарди долари“ и побара судење со порота.
Во судскиот поднесок, тој ги обвини новинарите и издавачите за „злонамерни, намерни и презриви дејствија“ и рече дека писмото до Епштајн е „непостоечко“.
Вели дека наводите во статијата „ќе го намалат неговиот професионален углед во заедницата или ќе ги одвратат трети лица од поврзување или работа со него“. Тој е застапуван во случајот од фирмата „Брито, ПЛЛЦ“ од Флорида.
Тужбата доаѓа откако „Волстрит џурнал“ објави дека за да го одбележи 50-тиот роденден на Епштајн во 2003 година, Трамп напишал писмо кое било собрано во албум и содржело непристоен цртеж. Во писмото, Трамп му посакал среќен роденден на Епштајн и напишал „нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“, според извештајот.
Трамп поминал неколку дена лобирајќи кај Мардок, уредничката на „Волстрит џурнал“, Ема Такер, и извршниот директор на „Њуз корп“, Роберт Томсон, да го спречат весникот да ја објави сторијата.
Откако „Волстрит џурнал“ ја објави својата сторија во четвртокот навечер, Трамп тврдеше дека е „лажна, злонамерна и клеветничка“.
Тој го нападна Мардок во објави на социјалните мрежи, заканувајќи се дека ќе „го тужи него и неговиот третокласен весник“.
Портпарол на „Дау Џонс“ изјави: „Имаме целосна доверба во строгоста и точноста на нашето известување и енергично ќе се браниме од каква било тужба“.
Белата куќа одби да коментира.
Правната акција доаѓа откако администрацијата на Трамп се обиде да ги ограничи последиците од меморандумот од Министерството за правда и ФБИ во кој претходно овој месец се вели дека нема „список на клиенти“ на Епштајн и нема „веродостојни докази“ дека тој „уценувал истакнати поединци“.
Ова означи пресврт од ветувањето на Трамп од кампањата за објавување на досиејата за смртта на Епштајн од самоубиство во 2019 година. Американскиот државен обвинител Пам Бонди во февруари изјави дека „список на клиенти“ „стои“ на нејзината маса за преглед.
Неколку часа откако „Волстрит џурнал“ ја објави својата сторија во четврток, Трамп во објава на својата платформа Truth Social изјави дека побарал од Бонди да побара објавување на транскриптите од големата порота поврзани со Епштајн.
Бонди одговори со своја објава на социјалните мрежи, велејќи: „Претседателе Трамп - ние сме подготвени утре да го повикаме судот да ги открие транскриптите од големата порота“.
Министерството за правда поднесе барање до федералниот суд во петокот за објавување на транскриптите.
Можеби ќе ве интересира
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани




