Трамп назначи милијардер и пријател на Маск за директор на НАСА
Објавено во: Свет 05 Декември, 2024
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи милијардерот Џаред Ајзакмен (41), инаку прв цивил што летал во вселената како дел од проектот Space X, за шеф на вселенската агенција НАСА.
Тој е близок соработник на Илон Маск, чија компанија SpaceX ги водеше двете мисии со целосно цивилен екипаж во кои учествуваше Ајзакмен. Како дел од друга таква мисија, наречена „Зора Поларис“, Ајзакмен излезе од капсулата и изведе вселенска прошетка.
Новиот прв човек на НАСА своето богатство го направи водејќи ја својата компанија за електронски плаќања. Тој ќе го замени директорот на НАСА Бил Нелсон (82), поранешен демократски сенатор од Флорида, кој беше назначен од претседателот Џозеф Бајден.
Ајзакменн изјави дека е почестен со изборот на Трамп и дека е благодарен што може да заземе таква функција.
За време на мандатот на Нелсон, НАСА ги засили напорите за враќање на астронаутите на Месечината, а американската вселенска агенција смета на SpaceX, кој треба да ги спушти на површината на земјиниот сателит со својата мега ракета Starship.
НАСА веќе и довери на компанијата на Маск транспорт на астронаути до и од Меѓународната вселенска станица, потсети АП.