ТРАМП НЕ ГО САКА НАЈВЛИЈАТЕЛНИОТ БАНКАР ВО НОВАТА ВЛАДА: „Го почитувам, но...“
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2024
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска
изјави дека извршниот директор на „ЈП Морган“, Џејми Димон, нема да биде поканет да се приклучи
на неговата администрација, која ќе ја преземе функцијата во јануари 2025
година.
Во својата објава на социјалните мрежи, Трамп напиша и дека и покрај ова „има многу почит кон Димон“, објави Ројтерс.
Агенцијата претходно објави дека познатиот финансиски експерт ќе остане генерален директор на споменатата американска банкарска групација.
Ројтерс тогаш објави дека Димон не планира да се приклучи на администрацијата на Трамп, и покрај шпекулациите пред претседателските избори во САД на 5. ноември дека тој се смета за кандидат за министер за финансии во владата на републиканскиот кандидат.