Добивај вести на Viber
Транспаренси интернешенл Maкедонија (ТИМ) бара од јавниот обвинител да преземе мерки и поведе постапка против грчкиот државјанин Димитрис Контоминас за кого во извештајот на Министертсвото за правда на САД за случајот Телеком, постојат констатации дека лично тој и негови фирми учествувале во корумирањето на високи политичари од Македонија.
Организацијата изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на „Маѓар Телеком“ во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа „Вајт и Чејс“ по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.