16 Декември, 2025
0.5986

Треба да знаете грчки јазик за да се вработите во овој македонски град

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2019 06:28

Добивај вести на Viber

Потребно е да се знае грчки јазик во Гевгелија за вработување, затоа што во овој град доаѓаат купувачи од соседна Грција.

Се бара познавање на грчки јазик за работа во казината, угостителските објекти, продавниците, па и ординациите. Од училиштата за странски јазици велат дека порано имало поголем интерес за курсеви по грчки јазик, а денес повеќето жители на Гевгелија знаат да зборуваат, и со тоа интересот е помал за изучување на овој јазик.

„Пожелно е да се знае јазикот за вработување, впрочем добро е да се знае било кој јазик. Во угостителските објекти бараат да се знаат основни работи на грчки. Пред пет години имаше многу поголем интерес за изучување, а сега повеќето веќе го знаат и го зборуваат јазикот“, велат од училиште за странски јазици во градот.

Од друго училиште додаваат дека имаат групи од по десетина ученици, и повеќето од нив се возрасни луѓе, на кои јазикот им е потребен за вработување.

„Младите сега повеќе се фокусирани на германски јазик, го учат за да заминат за Германија. Оние кои учат грчки јазик, обично посетуваат курсеви и земаат втор степен, затоа што толку е доволно за да се има основна комуникација. Но, има и Грци кои го учат македонскиот јазик, затоа што тука живеат, имаат бизниси, а има и пензионери кои се жители на градот“, објаснува професор по странски јазици.

Друг сопственик на училиште за странски јазици, вели дека околу 2000 година и подоцна имало еуфорија и голема желба да се учи грчки јазик, од практични причини, а во денешно време според него, јазикот се учи и преку комуникација со Грците кои го посетуваат градот.

„Прво да научат да се разберат, а потоа учат и многу други работи и така се совладува јазикот. Потоа човек се усовршува во таа сфера во која работи, совладува вокабулар. Сега мислам дека има помалку учење на јазикот низ училишта, и повеќе е учење во пракса“, додава тој.

Но, има и жители на Гевгелија кои изминативе години како невработени лица преку АВРМ успеале да поминат обука за грчки како странски јазик. 

Гевгелија се наоѓа на 9.1 км од македонско - грчката граница. Поради близината и цените, Грците доаѓаат во Гевгелија за да пазарат, поправаат заби, да одат на фризер и слично.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“