19 Декември, 2025
0.1342

Трет пакет мерки: Уште 30 милиони денари за поплавените земјоделци

Објавено во: Економија 13 Март, 2013 20:46

Добивај вести на Viber

30 милиони денари Владата даде за помош на земјоделците кои претрпеа огромни штети од неодамнешните поплави, што претставува 30 проценти од вкупната проценета штета. Од Агенцијата за стокови резерви пак на десетици земјоделци,  евидентирани во регистарот,  ќе им биде дадена сточна храна односно 750 килограми пченка и 12 тони јачмен.Ова се дел од третиот пакет мерки што Владата ги презема за помош на населението зафатено од поплавите. Според портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев согласно направените проценки, штетите од поплавите се проценети на 100 милиони денари, а евидентирани се во околу 2.000 индивидуални земјоделски стопанства. Штетите се со различен процент на оштета, а гледано по култури најголема штета има кај зелката – 40 милиони денари, доматот – 25 милиони денари, краставицата – 11 милиони денари, луцерката – 6 милиони денари, пченицата – 5 милиони денари, пиперот – 3 и компирот и марулата по еден милион денар. „Владата останува посветена на следење на состојбите и давање поддршка на земјоделците“, нагласи Ѓорѓиев и уште еднаш апелираше до земјоделците да ги осигураат своите имоти. Фармерите ги поздравија владините мерки
Федерацијата на фармери на Македонија, ФФРМ изрази задоволство од одлуката со која Агенцијата за стокови резерви треба да отстапи и да им подели на десетици земјоделци евидентирани во регистарот, сточна храна во обем од 750кг пченка и над 12 тони јачмен, како и правење на хемиска и бактериолошка анализа  на почвата која беше зафатена од поплавите и да се гарантира нејзиниот бонитет согласно стандардите. „Како организација сметаме дека предложените мерки кои се и наши препораки ќе имаат голем ефект во подобрување за состојбите во регионот. ФФРМ во почетокот на месецот  реализира и средби со општина Босилево, Ново Село, Василево и Струмица, така што на самите состаноци произлезе иницијатива за да се преземат заеднички активности за правење на стратегија која ќе е e во насока на реконструкција на речните сливови, чистење на реките долж нивното течение а не само парцијално, како и подигнување на свеста кај земјоделските производители за управување со ѓубривото со што ќе се спречи фрлање на отпадот во реките“, стои во соопштението од ФФРМ.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар