20 Април, 2024
0.0264

Трета “Next Generation”конференција

Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Сеавус по трет пат ја најавува конференција посветена на иновации и технологија Next Generation”. Настанот ќе се оддржи утре, сабота,12мај, со почеток од 10 часот, во просторите на  Мала Станица.

На првата конференција, пред три години, фокусотна конференцијата беше на новитетите во мрежните технологии и телекомуникацискиот сектор. Лани, второто издание беше посветено на сите футуристи, иноватори и стартапи во Македонија. Годинава, конференцијата ќе биде посветена на кодирањето:Keen on Code, односно на сите кои имаат интерес за технологија.

Конференцијата ќе тече паралелно на 3 сцени: една посветена на .NET, DB и QA, втора на Javaи FrontEnd и трета на технолошки трендови.

Презентациите ќе бидат интерактивни, така да сите присутни ќе имаат можност во времетраење од 6 часа, на 3 сцени да слушнаат 17 говорници кои неуморно ќе го споделуваат своето знаење.

Најголем дел од предавачите се експерти од Сеавус, меѓу кои Никола Живков, Technology Line Manager за Java на ниво на Сеавус групација, Игор Лазаревски – Technology Line Manager за .Net на ниво на Сеавус групација, Благој Ќупев, менаџер на ембедед дивизијата,Мирослав Стојманов, софтвер архитект, банкарска дивизија, Ѓоре Захарчев, QA координатор на ниво на Сеавус групација, Дејан Здравковски иАлександар Божиновски, Technical Leads во Microsoft дивизија, Благој Костовски, сениор девелопер, Microsoft дивизија, Александар Размовски, сениор бизнис аналитичар, Social Analytics дивизија, Ираклид Спиро, од Oracle дивизијата ќе презентираат Ираклид Спиро, сениор девелопер, Марко Илиќ, Principal Developer, Иван Ѓорѓевиќ, интермедиејт девелопер, Дражен Николиќ, Technical Lead. Потоа, Танер Селим, извршен директор на SnowBall и Гоце Дојчиновски, систем инжињер во Cisco Systems.

Сите информации за презентерите и нивните теми може да ги најдете на официјалниот сајт на Конференцијата: http://nextgeneration.mk/, каде воедно и може да се регистрирате. Учеството на настанот е бесплатно. 


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга