ТРГОВИЈАТА ЌЕ СЕ ПРЕФРЛИ НА ИСТОК: Која земја станува водечки пазар на злато?

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024 20:09
Сингапур станува водечки пазар на злато.
Kaко што објави Светскиот совет за злато, Сингапур ќе стане водечки центар за злато, затоа што трговијата ќе се префрли на исток.
„Една клучна причина е тоа што потрошувачката на злато во големите економии во развој расте, а повеќето од тие пазари се концентрирани во Азија“, изјави Шаокаи Фан, претставник на азиско-пацифичкиот и глобалната централна банка.
Близината до оние централни банки, кои активно го купуваат златото, е уште еден фактор.
Меѓу централните банки, Народната банка на Кина беше најголемиот купувач на злато во 2023 година. Кина е најголемиот светски потрошувач на злато, а нејзината централна банка е најголемиот купувач на шипки додека земјата се обидува да ги зголеми своите златни резерви.
Јужна Кореја го има најостриот квартален пораст на купувањето злато во повеќе од две години.
Сингапур е во непосредна близина на околу 25 отсто од светските центри за снабдување со злато како што се Кина, Австралија, Индонезија, Филипините, Папуа Нова Гвинеја и Лаос.
Инаку, во 2020 година најмногу злато купиле Турција, Индија и Русија.
foto freepik.com/EyeEm
Можеби ќе ве интересира
ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград
