Добивај вести на Viber
Трговската размена меѓу Франција и Србија чини 750 милиони евра, а целта е да се достигне милјарда.
Овие податоци се однесуваат за 2015 година, а соработката меѓу овие две земји постојано се подобрува. Француските инвестиции се 800 милиони евра, а во Србија има околу 100 фирми кои работат со француски капитал, со што се вработени околу 10.000 работници.
Овие податоци на средба ги соопштија српската гувернерка, Јоргованка Табаковиќ и француската амбасадорка, Кристин Моро.
Стоковата размена пораснала во двете насоки и тоа за 20%, истакна Моро, а гувернерката рече дека нивна заслуга е што создале поволна клима во Србија.
Двете земји ќе настојуваат во што пократок рок да ја достигнат милјардата во трговската размена.