ТРИ ЛИЦА ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ ВО НЕСРЕЌАТА НА ПАТОТ ПРИЛЕП - БИТОЛА: увидот се уште трае, патот е затворен
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024
Бројот на загинати во сообраќајната несреќа на патото Прилеп - Битола се искачи на три. Како што јавуваат локалните медиуми тројцата загинати во несреќата се жители на Прилеп, а едно лице е повредено.
Тешката сообраќајна несреќа се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.
Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.
Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.
Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на тројца прилепчани, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.
Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат се уште увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.
Фото: МИА