МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024
Јас мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор заврши, но тие еве продолжуваат и понатаму, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за барањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за ветинг за сите функционери во последните 30 години.
„Во ред е, еве ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија“, рече Мицкоски.
Тој денеска изјави дека убавината на демократијата е во различните мислења, како и во можноста за нивно изразување на мирен и демократски начин.
Владата наврши 100 дена од работењето. Власта вели дека остварила дел од ветеното, но од опозицијата не се сложуваат.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски