03 Октомври, 2024
0.0276

„ДО НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ВОЗИ ПО ПРИЛЕП - ГРАДСКО И РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА“: министерот Николоски најавува и нови инвестиции

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени во функција експресните патишта Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка.

Како што истакна Николоски по повод сработеното во првите 100 дена, решени се сите проблеми во однос на реализирањето на овие два проекта.

- Ги решивме проблемите на делницата Прилеп - Градско, финансирана делумно од ЕУ. ЕУ во 2023 година побарала формирање меѓуресорска комисија од Министерството за транспорт и ЈПДП, но година и пол не беше формирана. Две недели откако стапив на функцијата министер, ја решивме таа работа и веќе се работи инетнзивно. Делницата Прилеп - Градско ќе ја завршиме до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 - 130 километри на час. Слична беше ситуацијата и на потегот Ранковце - Крива Паланка. И таму ги решивме проблемите. И таму имаме финансирање од ЕУ и до Нова година и оваа делница ќе биде ставена во фунција, подвлече Николоски.

Тој најави и дека до крајот на овој месец ќе почне, како што рече, првата реална работа во однос на коридорите 8 и 10.

- Ќе стартуваме со Прилеп - Битола со конкретни активности на терен и изградба на автопат, како и со Гостивар - Бокојчани, популарната Стража. Тоа се двете секции кои први ќе одат, истакна министерот, дополнувајќи дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиона евра.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ: Kривична за скопски градоначалник и неговите соработници

МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ: Kривична за скопски градоначалник и неговите соработници

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира

„Каменоломот на Нефи Усеини го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето“: Левица бара почитување на законите

„Каменоломот на Нефи Усеини го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето“: Левица бара почитување на законите

САКАЛЕ ДА КРАДАТ ОД ЗГРАДАТА КОЈА ГОРЕШЕ ДВА ДЕНА - уапсени две лица од Скопје

САКАЛЕ ДА КРАДАТ ОД ЗГРАДАТА КОЈА ГОРЕШЕ ДВА ДЕНА - уапсени две лица од Скопје

„ОВА Е НАВИСТИНА ТАЖЕН ДЕН“: Д-р Лазаров вели дека изгубивме двајца врвни лекари

„ОВА Е НАВИСТИНА ТАЖЕН ДЕН“: Д-р Лазаров вели дека изгубивме двајца врвни лекари

ОБВИНИТЕЛСТВО НАРЕДИ ОБДУКЦИЈА И ИСПИТУВАЊЕ КРВ И УРИНА - во сообраќајката загинаа двајца доктори и медицински техничар

ОБВИНИТЕЛСТВО НАРЕДИ ОБДУКЦИЈА И ИСПИТУВАЊЕ КРВ И УРИНА - во сообраќајката загинаа двајца доктори и медицински техничар

„ИМПРОВИЗИРАН МАГАЦИН, ВО ИМПРОВИЗИРАНА ДРЖАВА СО ИМПРОВИЗИРАН СИСТЕМ, ТОА СМЕ НИЕ“: За пожарот во зграда во Чаир се огласи и Ина Многуфина

„ИМПРОВИЗИРАН МАГАЦИН, ВО ИМПРОВИЗИРАНА ДРЖАВА СО ИМПРОВИЗИРАН СИСТЕМ, ТОА СМЕ НИЕ“: За пожарот во зграда во Чаир се огласи и Ина Многуфина

ЗАРАДИ ОМРАЗА БИЛ НАСИЛЕН: Осуден на условна казна, ОЈО ги објави деталите

ЗАРАДИ ОМРАЗА БИЛ НАСИЛЕН: Осуден на условна казна, ОЈО ги објави деталите