16 Декември, 2025
0.0291

Три милиони Грци се без здравствено осигурување – Ситуацијата е алармантна

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2014 08:01

Добивај вести на Viber

Невработените во Грција добиваат надоместоци за само две години и многумина не можат да соберат сили да ги плаќаат здравствените придонеси . Бесплатната помош, предложена од хуманитарни организации, е опција, но не и решение на проблемот, пишува Дојче Веле. Во клиниката на хуманитарната организација "Лекари на светот " во Атина пациентите не плаќаат надомест за прегледот. И лековите се бесплатни - тие се набавуваат преку донации. Медицинските сестри, лекарите и присутните работат на доброволна основа - во слободно време и без надомест. Константинос (60), кој се движи со патерици, вели дека освен болното колено, има и чир на желудникот. Тој е од оние  пациенти кои поради недостаток на средства, немаат здравствено осигурување. „Цела среќа е дека тука не треба да се плаќа за лековите и прегледите", вели тој. „Примав инвалидска пензија, но потоа едноставно ја запреа и ми рекоа да си барам работа. Каква работа да почнам, кога сум осакатен?", прашува тој. Без пензија , без работа - во Грција тоа значи и без пари за придонеси во здравствената каса. Невработените добиваат државна помош за максимум две години , па оттука натаму не можат да се потпрат на поддршка - освен на помош од семејството или на социјалните кујни. Оние кои со години се без работа и поради тоа не можат да плаќаат придонеси во здравствената каса , остануваат и без здравствено осигурување. Таква е судбината на многу Грци. Теодорос Параскевопулос од грчката опозициска партија „Сириза" го вклучи алармот: „Три милиони луѓе немаат здравствено осигурување, тоа е една четвртина од грчкото население". Грчката влада тврди дека оваа бројка е напумпана, но дури и да е така , не може да се негира дека се повеќе луѓе остануваат без право на медицинска услуга : не добиваат лекови во аптеките, болниците не ги прифаќаат. Психотерапевтот Александрос Сувацис работи на доброволна основа барем осум часа неделно во клиниката на "Лекари на светот". Знае доволно приказни за болни луѓе, за кои државните болници остануваат затворени: "Случаите стануваат се повеќе . Кај нас доаѓаат многумина, претежно постари, на кои итно им е потребна операција. Државните болници одбиваат да ги прифатат, бидејќи немаат здравствено осигурување. Ако ние не им помогнеме, ќе мора да ги поднесуваат болките". Теодорос Параскевопулос вели дека му се познати случаи на пациенти кои умреле , бидејќи ги одбиле за здравствена помош во болница . Тој инсистира владата веднаш да усвои закон кој ќе ги обврзе болниците и лекарските ординации да им пружат медицинска помош на луѓето без здравствено осигурување. Таков закон треба да се прифати итно, бидејќи прашањето е на живот и смрт, во буквална смисла на зборот : "Време нема - потребни се итни мерки , за да може секој човек да има право на здравствени услуги ", категоричен е Параскевопулос.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството