26 Ноември, 2024
0.7356

ТРИ МУДРИ ГЛАВИ ЌЕ ЈА „УЧАТ“ И МОНИТОРИРААТ ВЛАСТА ЗА БУЏЕТОТ И ДОЛГОТ - еве кои се членови на првиот Фискален совет

Објавено во: Финансии 14 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Академик Абдулменаф Беџети, професорката од Економски факултет Мирјана Трпеска, како и долгогодишниот банкар и професор Глигор Бишев, ќе мониторираат како власта го крои буџетот и менаџира со јавниот долг на државата, и ќе укажува дали тоа е добро или лошо за фискалната одржливост на државата.

Всушност, овие три истакнати економски имиња во земјава ќе бидсат членови на Фискалниот совет, тело кое одамна беше заговарано, но ќе се формира оваа година, а чија главна цел е да биде еден вид контролен механизам на секоја една власт, со цел таа да не „забега“ со виспоки буџетски дефицити и нивоа на јавен долг, со кои потоа не би можеле да се справуваат идните генерации, а и би го довеле во прашање навременото раздолжување на државата.

Членовите на Фискалниот совет, како што и беше предвидено, ги предложија три институции, и тоа Македонската академија на науките и уметностите, потоа Државниот завод за ревизија, како и Народната банка на Македонија.

Сеуште точно не се знае кога ќе почне да работи фискалниот совет, а според претходните најави, тоа требаше да се случи до крајот на оваа година.

Она што е познато е дека членовите на фискалниот совет ќе земаат по две просечни плати, што согласно последната просечна плата од над 36 илјади денари, значи дека тие би добивале месечен надоместок од нешто над 72 илјади денари.

Кои се „мудрите глави“ од кои властите ќе бараат „ум“ при кроерњето на државната каса?

Во јавноста не треба посебно да се претставува истакнатиот економист и професор, но и академик, проф. д-р Абдулменаф Беџети. Тој им е особено добро познат на македонските економски новинари, но и на јавноста, со своите издржани ставови за макроекономските бројки, често и прилично критички и жестоки за извршната власт во делот на нејзините економски политики.

Беџети е избран во март како предлог на МАНУ за член на Фискалниот совет, од страна на Извршниот одбор на Академијата.

Неговата биографија говори дека е роден на 2 јули 1959 година. За член на МАНУ е избран на 4 јули 2012 година. Во септемвро 2018 година е избран за Ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, функција која сеуште ја извршува. Во септември 2022 година е избран за претседател на Интеруниверзитетската конференција на земјава. Тој учествувал во пројни проекти и има издадено многу публикации, а автор е и на повеќе од 300 статии со социоекономски мислења, како и на повеќе книги.

Уште еден избран член на Фискалниот совет е проф. Д-р Глигор Бишев, кој на јавноста и е познат како долгогодишен успешен банкар, кој претходно учествуваше и во врвните функции на монетарната власт на државава.

Бишев ќе членува во Фискалниот совет како предлог на Народна банка на Македонија, токму институцијата од каде и што се неговите професионални почетоци. Како набљудувач на процесот на избор се јавила и Светска банка.

Во моментов проф. Д-р Глигор Бишев е претседател на Советот за образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Македонија, потоа надворешен советник на премиерот, како и член на Надзорниот одбор на Шпаркасе банката.

Претходно, од мај 2013 година до 2022 година тој беше главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка, додека, пак, од 2000 до 2013 година беше главен извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка Скопје.

Од 1997 до 2000 беше заменик гувернер на НБМ, а од 1994 до 1997 година беше вицегувернер во централната банка.

Има бројни академски ангажмани, трудови, две книги, како и 250 статии.

И, како кандидат од Државниот завод за ревизија во Фискалниот совет ќе дојде проф.д-р Марина Трпеска.

Оваа истакната економистка е исто така избрана на јавен оглас што го распишале ДЗР, а на кој се пријавиле две кандидатки, и тоа Трпеска, како и професорката Снежана Костадиноска Милошеска.

Таа е доктор на економски науки, со 20 години работно искуство, односно најголем дел односно 18 години на Економскиот Факултет на УКИМ и тоа на Одделот за сметководство и ревизија, како и две години работела во Министерството за финанснии.

Воспоставувањето на Фискалниот совет како независно тело е предвидено со новиот Закон за буџети.

Фискалниот совет за својата работа одговара пред Собранието на пред кое ќе поднесува извештај за својата работа најмалку еднаш годишно до крајот на мај за претходната година.

Согласно Законот, Фискалниот совет на независна, објективна и професионална основа ќе изработува анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, за Измената и дополнувањето на Буџетот на државата, Полугодишниот извештај за реализација на буџетот, Завршната сметка на Буџетот и друга документација поднесена пред Собранието или објавена согласно законот.

Сите членови на Фискалниот совет ги вршат своите активности во Советот без засновање работен однос. За нивната активност им се утврдува месечен надоместок во висина од две нето просечни плати исплатени во земјава.

Мандатот на членовите на Фискалниот совет е шест години, без право на повторен избор. Сепак, лицето кое ќе биде предложено за член во првиот состав на Фискалниот Совет на предлог на Народната банка, ќе има мандат од две години со право на повторен избор.

Член на Фискалниот совет не смее да има казна, забрана за вршење професија, да не е пратеник во Собранието, ниту член на Владата. Не смее да е вработен во јавен субјект на државно или на локално ниво, освен - универзитетски професор или вработен во научно-истражувачка институција или времено ангажиран во меѓународна финансиска институција. Кандидатот не смее да е член на органи на политичка партија, ни носител на јавна функција во претходните пет години.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите