Три референдуми овој викенд во Швајцарија за прашања кои „не значат живот“
Објавено во: Свет 21 Септември, 2018
Во Швајцарија, земја позната по голем број на референдуми и изјаснување на грашаните за прашања од се и сешто, в недела ќе се гласа масовно по три иницијативи кои, сепак, не се „од животно значење“, но секако би можеле да гоп подобрат секојдневието.
За првото прашање еко-активистите собраа 100.000 потписи, а се однесува на праведно производство на храна , кое во предвид ќе го зема и доброто на животните , како и против фрлање вишоци на храна. Вториот референдум протежиран од земјоделците се однесува окрупнувањето на производството на храна , со кој би им се дала поголема поддршка на малите и средни фарми во Швајцарија , а во него се предлага и забрана за употреба на ГМО технологија. Владата го иницираше третиот со кој сака да се консултира со граѓаните за статусот на велосипедските патеки , односно длаи тие да бидат еднакво третирани со пешачките и планинарските патеки.
Во Швајцарија на референдум се излегува за се и сешто - од ограничување на менаџерските бонуси, носењето бурки па до телевизиските претплати и уставната дефиниција на бракот, но често нема доволна излезност, односно не се постигнува цензус, а и резултатите се неизвесни која опција ќе надгласа.