ТРИ СУПЕР МЕТОДИ со кои ќе успеете да заштедите
Објавено во: Финансии 12 Јануари, 2017 13:18
Да се штеди не е воопшто лесно. Дневните и месечни трошоци се собираат, често се појавуваат и вонредни, а и да признаеме - платите во земјава тешко го дозволуваат. Ако сепак си создадете навика да тргате по некој денар настрана, тоа ќе ви се исплати во иднина. Ви нудиме три методи кои ќе ви помогнат во тоа.
Метод 50/30/20
За кого е наменет: Луѓе со стабилни приходи, кои сепак не можат да си дозволат големи вонредни трошкови.
Методот е следниов: 50% од платата оставете за основни трошоци (сметки, храна, итн), 30% - за работи кои не се неопходни, но се важни (нова облека на пример), а 20% распределелете за црни денови.
Метод "Основен буџет"
За кого е наменет: Луѓе со променливи или непостојани приходи
Пресметајте колку ќе е минималната сума која сигурно ќе ја добиете за месецот. Потоа направете груба сметка колку изнесуваат основните трошоци. Обидете се да ги покриете со минималната сума или блиска до неа. Се што сте заработиле на врвот, одвојте во заштеда.
Метод "неделна шема"
За кого е наменет: Луѓе кои трошат многу и се остануваат без пари барем неколку дена пред следната плата
Однапред пресметајте каква сума сакате да заштедите во месецот. Останатото од платата поделете го на четири - така ќе имате посебен буџет за секоја недела. Трудете се да не го преминувате лимитот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





