19 Декември, 2025
0.0757

ТРИФУН КОСТОВСКИ ДО ШТЕДАЧИТЕ: Од Еуростандард банка се украдени и вашите, но и моите пари

Објавено во: Финансии 14 Декември, 2020 15:32

Добивај вести на Viber

Откако штедачите ја нападнаа Народна банка за пропаста на нивните пари во Еуростандард банка, со свој став се јави и еден од сопствениците на банката, бизнисменот Трифун Костовски. 

Тој вели дека никогаш во банката не дозволил да има перење пари.

Еве што на својот фејсбук профил напиша Трифун Костовски.

Штедачите имаат право да ја бараат правдата и сопствените пари. За време на мојот мандат како акционер и член на Надзорен Одбор во Еуростандард Банка, никогаш не сум дозволил да има перење на пари, и ве убедувам во тоа. Сакам да знаете дека Вашите и моите финансиски средства се украдени во Македонија и тие пари се тука. 

Со цел да се скрие организираниот криминал Народна Банка беше само извршител на нарачателот на овој чин. Бидете убедени, да имаше стамени луѓе на функцијата Гувернер, немаше да се случи вакво нешто. Да бевме ние акционерите незаинтересирани да ја спасиме банката тогаш би го сфатил овој потег на Народна Банка. 

Почитувани оштетени штедачи, се работи за организиран криминал. Ова не се поединечни кражби, институциите на системот за гонење на ваков криминал во моментов ми изгледаат како „заробени" од актуелната власт. Повторувам … Народна Банка беше само егзекутор кој до крај ќе ја прати оваа егзекуција, бидејќи е член на Одборот на доверители, со цел да го контролира целиот процес“, напиша Костовски на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани